Ветробранско стакло

Посветете посебно внимание на ветробранското стакло на своето возило! Неговата беспрекорна состојба е од клучна важност за вашата безбедниост и удобноста во возењето. Dacia ви нуди прилагодени решенија во случај на судир или пукнатини.

За да избегнете поголеми нелагодности, помалите оштетувања на стаклото поправете ги што поскоро,а во случај на поголеми напукнувања стаклото заменете го колку што е можно побргу.

Треба да знаете дека и во случај на оштетување задното стакло и страничните стакла треба веднаш да ги замените.

Dacia ви нуди замена со оригинални Daciа резервни делови и две решенија, во зависност од вашите потреби:

- За оштетувања и пукнатини со дијаметар помал од 4 cm (големина на монета од 5 куни), кои од работ се оддалечени повеќе од 4 cm и не му пречат на видното поле на возачот, Dacia ви нуди поправка на ветробранското стакло.

- Во останатите случаи Dacia ви нуди замена на ветробранското стакло во еден од нашите сервиси.

Не го полевајте ветробранското стакло со жешка вода кога е надвор многу ладно! Најдобро решение за топење на мразот е довод на топол воздух од вентилацискиот систем. Да не дојде до замрзнување покријте го ветробранското стакло во текот на ноќта, со што наутро ќе си заштедите вредни минути.

Поправка или замена на ветробранско стакло? Се применува правилото според големината на оштетувањето.

Меѓутоа, во некои случаи стаклото сепак треба да се замени и тогаш кога големината на оштетувањето на бара промена (на пр. оштетување во видното поле на возачот).

Проверете го својот договор за осигурување, поправката на стаклото е често опфатена со него.