Систем за кочење

Целосната доверба во системот за кочење на возилото е многу важно за безгрижното возење. Тој систем ја гарантира безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Еден од најважните елементи на вашата безбедност. Една е од трите точки на „безбедносниот триаголник”, кој го сочинува со гумите и амортизерите.

Вашата безбедност зависи од одржувањето на системот на кочење на вашето возила, затоа посветете му посебно внимание! Внимавајте на првите знаци на абење: подолг пат на кочење, вибрација на педалата на кочницата... Во некои случаи педалата веќе не одговара делотворно на притисокот или возилото се занесува при кочење. За да обезбедите ефикасно кочење и да ја гарантирате безбедноста на своите блиски, кочниците на своето возило проверете ги на секои 20.000 km (или на секои две години), а течноста за кочење заменете ја на секои 120.000 km (или на секои четири години). Не заборавајте барабан-кочниците на секои 60.000 km да ги исчистите од прашина и нечистотија.

Со умерено, одговорно и штедливо возење во град или на отворен пат ќе обезбедите долг работен век за вашиот систем на кочење.

Иако својата Daciа ја возите веќе неколку години, тоа не е причина да не и подарите еднакво внимание како на ново Dacia возило. Со сервисните пакети по пристапни цени благодарение на резервните делови Motrio* можете да ги намалите трошоците на одржување на возило постаро од пет години и истовремено да го задржите квалитетот. Со сервисните пакети, кои се пристапни пакети за одржување, имате право и на стручното знаење на оспособениот тим и едногодишна гаранција на резервните делови и извршените зафати.
*Марка на резервни делови кои Renault ги продава за возила на Dacia постари од 3 години.