Понуда на фабрички репарирани делови

Фабрички репарирани делови се употребуваат за возила постари од три години.

Тоа се резервни делови земени од возило еднакво на вашето и репарирани. Така можеме да ви понудиме делови кои се поевтини од новите, а квалитетот не им е полош.

Фабрички репарираните делови се многу попристапни, а помагаат и за зачувување на животната средина! За обновувањето на деловите се троши многу помалку суровини и енергија, отколку за изработка на нови делови.