Дистрибуциски ремен

Дистрибуцискиот ремен гарантира совршена синхронизација на одредени делови на моторот. Многу е важно да се почитува предвидениот распоред за замена според првиот остварен услов: старост на ременот или бројот на поминати километри.

Не постои знак за предупредување за истрошеност на ременот! Кога ќе сфатиме дека нешто не е в ред, за жал е веќе предоцна, а финансиските последици можат да бидат тешки. Дефектот на дистрибуцискиот ремен може да има кобни последици за вашиот мотор.

Благодарение на програмата за одржување на Dacia знаете дека ременот треба да го замените на секои пет години, дури и кај возилата кои се уште не поминале помеѓу 60.000 и 160.000 километри.

Внимавајте да не го преминете интервалот за замена на дистрибуцискиот ремен! Така ќе ги избегнете непријатностите, меѓу кои може да биде и дефект на моторот.

Стручните лица во текот на зафатот на разводниот систем ја проверуваат и состојбата на пумпата за вода.

Избегнете ги непријатните изненадувања: заменете го дистрибуцискиот ремен на возилата кои се постари од 5 години кои се уште немаат поминато 60 000 km!

Замената на дистрибуцискиот ремен е составен дел на програмата за одржување на вашата Daciа. Ви нудиме пристапни сервисни пакети прилагодени кон моторот на вашето возило.

Иако својата Daciа ја возите веќе неколку години, тоа не е причина да не и подарите еднакво внимание какво што би и посветиле на новата Daciа.

Со сервисните пакети по пристапни цени благодарение на резервните делови Motrio* можете да ги намалите трошоците за одржување на возилата на Dacia кои се постари од пет години, а истовремено да го задржите квалитетот.

Со сервисните пакети, кои се пристапни пакети за одржување, имате право и на стручното знаење на оспособениот тим и едногодишна гаранција на резервните делови и извршените зафати.

*Марка на резервни делови кои Renault ги продава за возила на Dacia постари од 3 години.