Klima uređaj

Клима-уредот гарантира удобност во патничкиот простор во сите годишни времиња: регулирање на температурата, одмаглување на стаклата и прочистување на воздухот.

Ефикасен клима -уред гарантира пријатно и здраво патување на сите патници со целосна сигурност!

Клима-уредот на вашето возило е извонредно важен за вашата удобност, затоа треба редовно да го одржувате

Внимавајте на првите знаци на послаба работа или дефект: непријатни мириси, проблеми со алергии, послабо ладење или греење на патничкиот простор, зачестено замаглување на стаклата.

Не ги чекајте првите знаци на послабо работење, туку што побргу однесете го своето возило на преглед на клима-уредот во еден од нашите сервиси. Стручните лица на Daciа со задоволство ќе ве советуваат.

Со редовна употреба на клима - уредот преку целата година ќе му ја гарантирате правилната работа!

Годишното чистење на системот ја спречува појавата на мувла и развојот на бактерии. Заменете го филтерот на патничкиот простор на секои две години и наполнете го системот со гас во случај на послаба ефикасност на уредот.