Амортизери

Амортизерите гарантираат удобно и сигурно возење. Гарантираат и правилно држење на патот и мирно возење независно од состојбата на подлогата. И амортизерите се еден од неизбежните елементи на вашата безбедност. Една се од трите точки на „безбедносниот триаголник”која ја сочинуваат со кочниците и гумите.

Патот не ги штеди.. Редовно проверувајте ги амортизерите на своето возило!

При одржувањето често се прескокнуваат, затоа внимавајте на првите знаци на помала ефективност на работата на амортизертите кои лесно се предвидуваат.

Патот на застанување може да се зголеми, а гумите побрзо се трошат. Во некои случаи се зголемува опасноста од „аквапланинг“/ лизгање (губење на контакт со подлогата ако на патот има поголема количина на вода). Автомобилот може и да удри во подлогата при премин преку пречката !

Амортизерите се задолжителна контролна точка на сите технички прегледи. Доколку се утврди грешка, можеби ќе морате да го повторите прегледот.

Со редовна проверка на амортизерите на сервисните прегледи ќе им го продолжите животниот век. Парот на амортизери треба да се замени на секои 80.000 km. Во текот на тој зафат проверете ја и геометријата на тркалата и без дополнителни трошоци за работна рака заменете го комплетот на граничници на суспензијата.

Прилагодете го возењето и однапред подгответе се на неправилностите на патот (деформации на патот, дупки, итн.) и продолжете им го животниот век на амортизертите!