Видливост

Метличките на брисачите на вашето возило море да бидат во беспрекорна состојба за да можат да ви гарантираат најдобра видливост. Внимавајте на нив и редовно менувајте ги за безбедност на сите учесници во сообраќајот!

Метличките на брисачите во мирување, поради топлината на вашата гаража и во текот на работењето се изложени на различните услови и постојани температурни промени, а им штетат и UV-зраците и кислородот во воздухот.

Затоа внимавајте на првите знаци на истрошеност: неефективно бришење на ветробранското или на задното стакло, поголема рефлексија, замаглување на ветробранот при употреба на брисачите. Во некои случаи можат да се слушнат необични звуци или може да дојде до неправилна работа на брисачите. Истрошените метлички може да предизвикаат пукнатини на ветробранското стакло!

Техничкиот преглед опфаќа и проверка на метличките на брисачите. Не чекајте да се појават привите симптоми за да го донесете вашето возило на контрола во нашиот сервис, или да бидат премногу потрошени за да ги замените!

Валканите гумички на метличките на брисачите можете да ги исчистите со крпа и течност за миење стакла или мокар сунѓер.