Хибридна технологија Dacia

Технологија на Jogger hybrid 155

Хибридот комбинира класичен бензински мотор со електричен мотор кој извршува повеќе функции
Поглед на погонскиот склоп на Dacia Jogger Hybrid 155 на бела позадина.
full hybrid технологија, неспоредлива удобност при возење

Компоненти    
Целосно хибридниот систем за самополнење комбинира мотор со внатрешно согорување, два електрични мотори и повеќережимен автоматски менувач. Оваа архитектура овозможува непречени премини помеѓу режимите на возење, без потреба од интервенција на возачот.    
Полнење на батеријата
Нема потреба од вклучување во приклучок: батеријата се полни автоматски за време на сопирање и забавување. Така можете да уживате во придобивките од електричното возење без мака со полнењето.    
Начин на функционирање
При стартување, возилото секогаш работи во 100% електричен режим. Во зависност од условите на возење, системот автоматски се префрла помеѓу три режими на работа:
  • за тивко, градско возење без емисии,
  • за ситуации кои бараат поголема моќност,
  • за оптимална комбинација на двата погонски мотори. Во градско возење, може да вози на електрична енергија до 80% од времето.
      Предности
      Со целосно хибридна технологија, уживате во мазно, агилно и тивко возење, со заштеда на гориво до 40% во споредба со конвенционален мотор со внатрешно согорување.

      ПРЕДНОСТИ НА ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

      Икона( возило во круг)
      Електричен мотор и со мотор со внатрешно согорување
      Досег на возење од 980 км, нема потреба од полнење.
      Икона ( управувач во круг)
      Удобност при возење
      Автоматскиот менувач го олеснува секојдневното возење.
      Икона (електрична батерија во круг)
      Нема потреба од вклучување во приклучокот за полнење
      Електричната батерија автоматски се полни за време на сопирање и забавување.

      ДАЛИ ИМАТЕ ПОВЕЌЕ ПРАШАЊА?

      Колку долго трае батеријата во хибридниот систем на Dacia?
      Погонската батерија има гаранција од 8 години или 160.000 км за хибридни мотори.
      Може ли хибридните возила на Dacia да патуваат на долги растојанија?
      Да. Во зависност од начинот на употреба, досегот на хибридно возило е поголем од оној на возило со мотор со внатрешно согорување или електрично возило, бидејќи можете да комбинирате повеќе извори на енергија.
      Како се полни батеријата во хибридните возила на Dacia?
      Не може да биде поедноставно: батериите во хибридните возила не бараат никакво посебно поврзување, туку автоматски се полнат кога возилото забавува или сопира.

      ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

      Приказ на возилото Dacia Jogger со куфер на носач за кука.
      Приказ на мултимедијалниот екран во возилото Dacia Jogger.
      Приказ на техничката конструкција на возилото Dacia Jogger, со одвоени преден и заден склоп на суспензијата, моторот и тркалата прикажани на бела позадина.

      Фотографиите на веб-страницата  www.dacia.mk  се симболични и служат само за информативни цели. Сите податоци и информации дадени на веб-страницата и во документите се привремени и може да се променат. Го задржуваме правото на грешки во текст.

      Поради глобалниот недостиг на полупроводници, некои од опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфични опрема, која можеби нема да биде достапна во одреден случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најнови информации, контактирајте го најблискиот овластен застапник.

        


      Откријте ги другите модели на Dacia

      Жолто возило Dacia Sandero Stepway прикажано од предната лева страна.
      Новиот Sandero Stepway