Издувен систем
Со одржување на Dacia ништо нема да ви помине непрегледано! Издувниот систем на вашето возило секогаш мора да биде во совршена состојба. Треба редовно да се прегледува.
Обрнете внимание на првите знаци на абење:
зголемување на потрошувачката на гориво, губење на моќност, црн чад, необични звуци... На секој сервисен преглед ќе вршиме целосна проверка на издувниот систем и неговите потпори.
Не заборавајте да го одржувате издувниот систем на возилото! Зголемената емисија на штетни честички ќе го зголеми загадувањето на животната средина и ќе бидете принудени да го повторите техничкиот преглед.
СОВЕТ
Ако сакате да го продолжите животниот век на катализаторот или филтерот, не возете со минимална количина на гориво!