Хронологија

1966 : Марка Dacia, името « Dacia » е создадено во Романија, како име на романските предци.

Dacia склучи договор за лиценца со Renaultom.

Мисијата на марката Dacia е да се осигури производство на модерни, робустни и семејни романски автомобили.

1999 : Dacia стана марка на Групата Renault.
Renault ја купи марката Dacia и од темел го модернизираше историскиот Питести. Renault ја направи најголемата револуција во однос на квалитетот. Навистина, тешката романска клима, лошите патишта, важната сообраќајна положба и неизбежното минување низ Карпатите наметнаа доверба од пример за возилата од марката Dacia.


2004 : Dacia ја лансираше семејната лимузина « Logan », симбол за оживување на идентитетот на марката. Следната година се срушени сите рекорди на производството.
Следи зголемување на гамата на возилата со појавата на Logan MCV (Break) 2006., Logan Vana 2007., Logan Pick up и Sanderо 2008., Duster 2010. година.

2011 : Dacia освојува 340.000 нови купувачи во годината, а романската фабрика во Питести работи во полн ек. Фабриката Сомака во Мароко доаѓа како засилување за Питести.

2012 : Со лансирањето на семејните едноволуменски Lodgy , Dokkera и Dokker Van, се отвори нова фабрика во Тангер (Мароко), за дополнително да се зголеми гамата на возилата Dacia.


А утре? Dacia веќе создава нови великодушни, едноставни, веродостојни и секогаш пристапни модели.