Со проверка на трошењето на гумите ќе обезбедите најдобро легнување на патот. Заедно со кочниците и амортизерите тие го сочинуваат „безбедносниот триаголник ” на вашето возило.
Гуми


Гумите секогаш треба да бидат во беспрекорна состојба. Тие се единствениот дел од вашето возило во директен контакт со патот.
Ви советуваме редовно да ја проверувате нивната состојба: внесете го покажувачот на абењето на гумите во отворот на шарата!
Внимавајте и на другите знаци на истрошеност: вибрации на управувачот, пукнатини на бочните гуми, истрошена шара, необични звуци во возењето,можни деформации ...
Контролата редовно се спроведува во текот на вашата посета на сервисот.

Гумите секогаш менувајте ги во парови (по две гуми) за да избегнете изложување на опасности. Помалку истошените гуми треба да ги поставите назад. Проверете го притисокот во гумите еднаш месечно и пред секое подолго патување, и тоа кога гумите се ладни.
