Дополнителна опрема и промотивни производи

Дали сакате своето Dacia возило да го прилагодите кон своите желби? Да го опремите да биде уште попрактично? Или дополнително да го заштитите?

На располагање ви е дополнителна опрема на Dacia, осмислена посебно за секое возило во понудата на марката.

Изборот на опрема го вклучува најнеопходното за трајна заштита и удобност на највисоко ниво. Едноставно паметен избор! Нашата целосна понуда е изложена во интерактивниот каталог.

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА „УДОБНОСТ И ЗАШТИТА”

Теписи, навлаки, наслони за рацете, опрема за организација и уредување на багажникот, заштита на каросеријата, систем за помош при паркирање. Сеопфатната понуда на дополнителна опрема која одговара на најразлични начини на употреба, ќе ја направи вашата Daciа уште попрактична и поприлагодлива.

Едноставно паметен избор!

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА „ПРЕВОЗ”

Куки за влечење, кровни нисачи, кровни сандаци, носачи за велосипеди... Богата понуда на опрема која ја зголемува можноста за превоз на товар со вашата Daciа.

Едноставно паметен избор!

ИЗБОР НА ОПРЕМА „СИГУРНОСТ“

Алармен уред, комплет на задолжителна опрема, синџири за возење по мраз, детски седишта… Dacia ви нуди богата дополнителна опрема за безгрижно возење, независно од тоа дали патувате сами или со семејството.

Едноставно паметен избор!

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА „ДИЗАЈН”

Алуминиумските фелни, украсните капаци, праговите на вратите… ви овозможуваат да го истакнете динамичниот карактер на својата Daciа или нејзината елегантна линија.

Едноставно паметен избор!

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА „МУЛТИМЕДИЈАЛЕН СИСТЕМ“

Сакате вашите патувања да бидат уште поудобни? Достапна ви е видеоопрема, уреди за репродукција на музика, опрема за телефонирање, навигациски систем... Целосно употреблива технологија со пристапна цена!

Едноставно паметен избор!

ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ DACIA

Привезоци за клучеви, врвки, хемиски пенкала,минијатури на автомобил, маици... Со промотивните производи вашата Dacia е со вас и кога не сте на пат.