Стручност на мрежата на Daciа

Нашите екипи на стручни лица и механичари ве очекуваат. Кога возилото ќе го донесете во нашиот сервис истото сте им го довериле на оние кои најдобро го познаваат. Така можете да бидете целосно безгрижни во возењето!


МРЕЖАТА НА DACIA ВИ ОБЕЗБЕДУВА:


• Пробно возење од семејство на возила Dacia
• Редовно известување за статусот на нарачаното возило до неговата испорака
• Враќање на возилото од сервисот во договореното време и по договорената цена
• Изведба на неодобрените и недоговорените работи на трошок на изведувачот
• Едногодишна гаранција на поправката и на оригиналните делови Dacia
• Со купување на Dacia помош на пат бесплатно едногодишно продолжување на услугата Dacia помош на пат доколку во текот на една година сте го одржувале возилото во овластената мрежа на Dacia
•Проценка на трошокот пред зафатот, објаснување на извршените услуги и на сметката при враќање на возилото при секоја посета на сервисот

DACIA СЕРВИС:


• Нашите сервисни експерти нудат во текот на целата година корисни совети и решенија
• Стручните тимови специјализирани за сложени механички и електронски зафати се оспособени за вградување на дополнителната опрема и вршење работи на каросеријата
• Едногодишна гаранција на резервните делови и на вградувањето
• Гаранција за вградување на оригинални Dacia резервни делови.