-->-js"> MediaNav – Услуги и финансирање – Dacia Македонија

Мојот навигациски систем

Ви благодариме за купувањето на возило со систем MEDIA NAV.

Сега вие е достапен едноставен, сигурен и квалитетен навигациски систем развиен во соработка со менународни партнери:

• NAVTEQ, главен светски добавувач на дигитални картографски податоци.
• Nav & Go, еден од поголемите понудувачи на пазарот на програмска опрема за навигациски системи GPS и LG, еден од водечките добавувачи за електротехнички, информациски и телекомуникациски системи.

Бесплатно преземете ги и имајте ги секогаш најновите автокарти и локации на радари (освен за Франција, Германија и Швајцарија).

  • Зошто е потребно да ги ажурирате картите?

    Поради постојани промени на патните мрежи (секоја година се менуваат 15 % од патиштата) ажурирањето на автокартите е многу важно. Така вашиот систем секогаш правилно ќе работи и ќе ја задржи целосната ефикасност.

    Затоа на адресата www.dacia.naviextras.com два пати годишно ви се достапни нови ажурирања.



  • Како да се купи ажурирања Media Nav?

    По пријавувањето на интернет страницата www.dacia.naviextras.com преземете ја апликацијата Media Nav Tool Box. Таа апликација ви овозможува ажурирање директно од станицата.

    Следете ги чекорите на едноставната постапка на купување и нарачување:

    • Почнете со купување со кликнување на иконата на кошничката покрај избраниот артикл.
    • Ќе се отвори нов прозорец Dacia Media Nav Toolbox со детален опис на избраниот артикл. Доколку сакате да го купите, кликнете на полето за избирање и додадете го артиклот во кошничката.
    • Потоа можете да почнете со постапката за предавање на нарачката
    • Понекогаш системот ќе ви препорача и купување на други артикли. Понудени се по посебна цена, доколку ги купите со нарачување на артиклот кој се наоѓа во вашата кошничка.Сакате ли да ја искористите понудата? Кликнете на копчето „Додај во кошничката” покрај кој било нарачан артикл.
    • За купување на дополнителните ажурирања кликнете на иконата на кошничката за да додадете други артикли, а потоа на копчето „Додај во кошничката”.
    • Кога во кошничката ќе ги додадете сите барани артикли, кликнете на копчето „Предај за нарачка”.

  • Како да се инсталираат ажурирањата во апликацијата Dacia Media Nav Toolbox?

    Ако сте купиле ажурирање или сте додале бесплатно ажурирање,кликнете на копчето „Ажурирања” во менито на левата страна.

    Ќе се отвори прозорец со сите достапни ажурирања кој вклучува:

    • купени артикли кои се уште не се инсталирани (ажурирања или други артикли),
    • бесплатни ажурирања кои сте ги додале за инсталција во мапата на пренос „Downloads”,
    • посебни и бесплатни ажурирања (кои инаку се плаќаат, но во рамките на промотивната понуда се достапни бесплатно).

  • Едноставна инсталација

    Кога ќе го погледнете пописот на достапни ажурирања кликнете на копчето „Install” за да почнете со инсталација.

    Апликацијата Dacia Media Nav Toolbox ќе ја започне постапката на преземање и инсталирање на избраните ажурирања. Двојната стаусна лента го прикажува напредувањето на постапката.

    Почекајте да се појави порака дека постапката е завршена. Сега ви останува уште преносот!

Можноста за бесплатно ажурирање можете да ја користите во рок од 90 дена од преземањето на возилото. По тој период ажурирањето се наплатува.