Редовен сервисен преглед

Со редовните сервисни прегледи на своето возило ќе му го продолжите животниот век и ќе ја спречите опасноста од расипување!

DACIA ви гарантира најдобри услуги по најповолна цена: комплетен сервисен преглед (43 контролни точки) и прилагодени сервисни пакети за да ги избегнете непријатните изненадувања.

Не чекајте на инструментната плоча да се појави контролната светилка. Почитувајте ги сервисните интервали од програмата на одржување на вашето возило!

Така ќе ги избегнете дефектите до кои доаѓа поради трошење на материјалот, а истовремено ќе ја следите делотворноста на одредени елементи и опрема.

Иако својата Daciа ја возите веќе неколку години, тоа не е причина да не и подарите еднакво внимание какво што би и посветиле на новата Daciа.

Со сервисните пакети по пристапни цени благодарение на резервните делови Motrio* можете да ги намалите трошоците за одржување на возилата на Dacia кои се постари од 3 години, а истовремено да го задржите квалитетот.

Со сервисните пакети, кои се пристапни пакети за одржување, имате право и на стручното знаење на оспособениот тим и едногодишна гаранција на резервните делови и извршените зафати.

*Марка на резервни делови кои Renault ги продава за возила на Dacia постари од 3 години.