Надворешни ретровизори

Надворешните ретровизори се од клучно значење при возењето, дури и при паркирањето. Редовно прегледувајте ги и внимателно одржувајте ги!

Што е можно поскоро поправете ги оштетувањата на надворешните ретровизори, со цел да избегнете возење со ограничена видливост. Ако оштетувањата се премногу големи, не го одложувајте заменувањето на оштетениот дел.

Ретровизорите не треба секогаш целосно да ги менувате,некогаш е доволно само да ги замените огледалата. И најмалото оштетување на надворешниот ретровизор ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот! Што е можно поскоро посетете го нашиот сервис за да го проверат нашите стручни лица.

Внимавајте на првите знаци на предупредување: Пукнатина на огледалото на надворешниот ретровизор, оштетено куќиште, послабо работење на еден од електричните надворешни ретровизори... Советувајте се со нашите стручни лица во овластениот Dacia сервис.

Со склопување на надворешните ретровизори на паркираното возило значително ќе ја намалите можноста при поминување да ги скрши друго возило.