Систем за палење

Акумулаторот се грижи за движењето на моторот на вашето возило и напојувањето на бројната опрема. Иако акумуларотот сам се полни додека работи моторот, не смеете да го занемарите неговото одржување!

Тоа е срцето на вашето возило кое поради несоодветно одржување сочинува 85 % од сите поправки на возилата на патот.

Акумулаторот ве следи во возењето, но работи и кога возилото мирува и моторот е изгасен.

Од него енергија црпи целата електротехничка опрема на вашето возило (авотмобилско радио, светла, навигација ...).

Внимавајте на првите знаци на неговиот замор: побавно стартување на моторот, помала сила на електротехничката опрема, може да се вклучи и црвената светилка „акумулатор” на инструментната плоча.

Не заборавајте дека на акумулаторот може да му штетат и зимските студени периоди поради кои можеби нема да можете да го стартувате моторот, но и летните жешки периоди (што не е толку познато).

Донесете го своето возило на редовен преглед на акумулаторот на секои две години или на секои 30.000 km и заменете го на секои четири години или на секои 60.000 km. Ви препорачуваме и преглед на колото за стартување на моторот пред зимата или високите летни температури, како и проверка на свеќичките на секои 30.000 km.

За да го избегнете непријатното изненадување моторот на вашето возило да не се стартува кога сте во најголема гужва, Dacia ви нуди пакети прилагодени на вашето возило, независно од тоа дали моторот ќе се стартува или не.

Нашите екипи ќе го проверат акумулаторот пред замената за да ја утврдат неговата состојба.