STEPWAY МОДЕЛИ

Откријте ги моделите на Stepway

  • Sandero Stepway

    Sandero StepwayDacia Sandero Stepway се потврдува како современа лимузина, од сега и со уште попривлечен авантуристички дизајн. Ако барате возило со силен карактер, ќе бидете заведени од новиот усовршен изглед на внатрешноста и на надворешните линии.

    Со новиот преден крај и особените каросериски карактеристики – предна летва, светла за магла и преден браник во две нијанси, проширен простор за тркала, бандажи од 16’’, надолжни кровни носачи во две нијанси, како и сериската металик боја, Sandero Stepway се истакнува со хармонизиран стил кој уште повеќе го истакнува авантуристичкиот дух.

    > Дознајте повеќе

  • Dokker Stepway

    Dokker StepwayСо изведбата Stepway, Dokker ја истакнува својата самостојност и го истакнува силниот темперамент. Dokker Stepway така добива забележлива карактеристика инспирирајќи се од светот на crossover-ите.

    Dokker Stepway е достапен во сина Azurite, alu сива, темносива Comete, бисерно црна и ледено бела боја и има налепници "Stepway” на предните врати.

    > Дознајте повеќе

  • Lodgy Stepway

    Lodgy StepwayDacia Lodgy во изведбата Stepway Prestige сигурно нема да помине незабелжано. Штитникот на предниот и задниот дел, на таа изведба, како и украсните рамки на светлата за магла од сјаен хром и проширените калници му даваат авантуристички изглед.

    Кровните носачи, алуминиумските фелни, како и школките на ретровизорите во бојата Dark Metal дополнително ја нагласуваат нејзината посебност.

    > Дознајте повеќе