Враќање на почетна страница Sandero

Dacia Sandero Sandero

Претставување Враќање на почетна страница Sandero

Неспоредлива предност

"Новите модели на Dacia, како и нивните претходници, нудат однос на цената, внатрешноста и услугите каков не може да се најде никаде во Европа. Внатрешноста и обемот на просторот во багажникот се достојни за високата класа.

Секогаш раскошни, димензиите на внатрешноста и надворешните линии припаѓаат на високата класа. На задните седишта, ширината во лактовите од 1.436 mm овозможува удобно сместување на три возрасни лица или поставување на три детски седишта, две со помош на системот ISOFIX.

Обемот на багажникот и понатаму е ненадминлив, земајќи ја предвид цената и компактноста на возилото. Практичноста и модуларноста секогаш се достапни благодарение на задната клупа која се преклопува во сооднос 1/3 - 2/3.

Внатрешноста е подобрена со уште касети и пред сè со дополнителна средна касета за ситни предмети; касетите во предните врати се соодветни за шише до 1.5 l, а касетите за работи се вградени и во задните врати."