Враќање на почетна страница Duster

Новиот Dacia Duster

Претставување Враќање на почетна страница Duster

Опрема


Duster има великодушна понуда на опрема* - по цените на Daciа - како што се ограничувач и регулатор на брзината, систем за помош при паркирање наназад, импулсно отворање на стаклата и мерач на надворешна температура. Едноставен и интуитивен, мултимедиумскиот систем MEDIA NAV со 18-cm екран чувствителен на допир, овозможува управување со различни можности: навигација, телефонирање, радио, медиуми.... Благодарение на поврзувањето преку Bluetooth®, можете да телефонирате со слободни раце**, да слушате музика од други, преносни уреди со Bleutooth® (audio streaming) или директно, спојувајќи ги преку USB приклучокот или 3,5 mm приклучокот на арматурната плоча. Техника која се покажала како сигурна, а првенствено и корисна.

Фокусиран на техниката и конструиран да може да ги совлада сите препреки, Duster е опремен со новите мотори кои нудат големо задоволство во возењето и имаат мала потрошувачка на гориво и ја намалуваат емисијата на CO₂. Начинот на работа „Eco”и индикаторот на промената на степените доплнително му овозможуваат на возачот во секој момент да ги намали потрошувачката и емисиите.

Уште посовремен, Dacia Duster поради сето тоа не ги занемари своите авантуристички карактеристики, испробани на сите терени.

* Во зависност од верзијата
** Ви советуваме да не телефонирате при возење