Враќање на почетна страница Lodgy

Dacia Lodgy

Претставување Враќање на почетна страница Lodgy

Капацитет

Едноволуменот Dacia Lodgy знае да се прилагоди на вашите потреби.

Сакате повеќе простор за складирање? Само кажете и овој автомобил ќе ги исполни сите ваши желби. Клупата во 2. ред е склоплива во однос 1/3-2/3*, а може и целосно да се склопи, токму како и клупата во 3. ред. Така можете да преминете од конфигурација со 7 на 2 седишта, задржувајќи или вадејќи го 3. ред седишта на возилото.

Обемот на багажникот на Daciа Lodgy е единствен на пазарот. Може да изнесува до 2617 dm3 во конфигурацијата со 2 седишта, или 207 dm3 во конфигурација со 7 седишта. Покрај тоа, нискиот товарен праг е практичен за натоварување на сите видови на предмети. Не морате повеќе да избирате помеѓу просторност во кабината и багажниот простор. Со Daciа Lodgy го имате и едното и другото!

Но, практичноста не престанува тука. Dacia Lodgy нуди до 30 литри простор за складирање* оптимално распореден по кабината, меѓу кои е голема, лесно достапна преграда/фиока на врвот на инструменталната плоча.


* во зависност од верзијата