Посебна внатрешност
Lodgy Stepway Prestige има посебни пресвлеки со украсен вез и рабови во сина боја.
Инструментите и вентилациските рамки се врамени со сина боја која ја наоѓаме и на рамката на средишниот дел на арматурната плоча. Таа нијанса, во контраст со темносивата боја на внатрешноста, дополнително ја истакнува динамичноста на изведбата Stepway Prestige.
Lodgy Stepway Prestige во сериската опрема нуди клима-уред за удобност на патниците, регулатор и ограничувач на брзината за удобност во возењето и мултимедиумски систем MEDIA NAV со екран на допир. Со достапните опции може да имате целосно опремен автомобил со задни сензори за паркирање и електрични задни прозороци.… А за уште поголема практичност во секојдневната употреба, поставени се нови џебови за складирање на задниот дел на предните седишта.