Dacia Lodgy во изведбата Stepway Prestige сигурно нема да помине незабелжано. Штитникот на предниот и задниот дел, на таа изведба, како и украсните рамки на светлата за магла од сјаен хром и проширените калници му даваат авантуристички изглед. Кровните носачи, алуминиумските фелни, како и школките на ретровизорите во бојата Dark Metal дополнително ја нагласуваат нејзината посебност.
Изведбата со 7 прави седишта и голем обем на багажникот, Dacia Lodgy Stepway Prestige е подготвен да ги прошири хоризонтите на целото семејство!
Со изведбата Stepway Prestige, Lodgy ја истакнува својата самостојност и го покажува свјот силен темперамент. Заснован на најопремената изведба во палетата, Lodgy Stepway Prestige добива впечатлива индивидуалност инспирирана од светот на crossover-ите.
Lodgy Stepway Prestige има посебни дизајнерски обележја:
- предни и задни браници во боја на каросеријата и преден и заден штитник во боја на сјаен хром,
- предна маска и горна украсна лајсна на маската во црна боја,
- предни светла за магла со украсна рамка во боја на сјаен хром,
- црни заштити на калниците,
- долен дел на каросеријата во црна боја,
- обработка во бојата Dark Metal за кровни носачи, надворешни ретровизори и алуминиумски фелни.
Lodgy Stepway Prestige е достапен во боите сина Azurite, alu сива, бисерно црна, сива Cométe, и ледено бела боја, како и со налепници со натпис Stepway на предните врати.