Dokker Stepway има посебни пресвлеки со син украсен вез и сини рабови на седиштата.
Инструментите и вентилациските отвори се обрабени со сина боја која ја наоѓаме и на рамката на средишниот дел на арматурната плоча. Таа нијанса, во фин контраст со темносивата боја на внатрешноста, дополнително ја истакнува динамичноста на изведбата на Stepway.
Dokker Stepway нуди комплетна опрема со мултимедиумскиот систем MEDIA NAV, клима-уредот, ограничувачот и регулаторот на брзината, задните сензори за паркирање… А за уште поголема практичност во секојдневната употреба, нови мрежести џебови за складирање кои се поставени на бочните страни и зад предните седишта.