Со изведбата Stepway, Dokker ја истакнува својата самостојност и го истакнува силниот темперамент. Dokker Stepway така добива забележлива карактеристика инспирирајќи се од светот на crossover-ите.
Таа нова изведба има многу посебни дизајнерски обележја:
- предни и задни браници во боја на каросеријата и преден и заден штитник во боја на сјаен хром,
- предна маска и горна украсна лајсна на маската во црна боја,
- предни светла за магла со украсна рамка во боја на сјаен хром,
- црни заштити на калниците,
- црни заштити на калниците, - долен дел на каросеријата во црна боја,
- обработка во бојата Dark Metal за кровните носачи, надворешните ретровизори и алуминиумски фелни.
Dokker Stepway е достапен во сина Azurite, alu сива, темносива Comete, бисерно црна и ледено бела боја и има налепници "Stepway” на предните врати.
Со Новот преден дел и посебните додатоци на каросеријата – штитник напред/назад, светла за магла и двобоен браник, зголемени калници, делови во бојата Dark Metal (16-инчни алуминиумски фелни, надворешни ретровизори и двобојни надолжни кровни носачи) и ексклузивна азурно сина метализирана боја, Dokker Stepway го истакнува својот силен и авантуристички стил по примерот на Sandero Stepway.